Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2011

Лацио остана без првиот голман

Римскиот фудбалски клуб Лацио остана без својот прв чувар на мрежата Федерико Маркети до крајот на оваа календарска година.

Маркети го повреди бутниот мускул во победата (3-2) на својот клуб против Лече, во натпреварот од 15-тото коло на Серија А. Италијанецот на голот го замени Аргентинецот Хуан Пабло Карисо, а се чини дека Албано Бисари, кој само што се врати по повредата, ќе застане на голот во средбата на Лигата на Европа против Спортинг од Лисабон.
На Лацио му е потребна победа или реми во случај Васлуј да биде поразен кај Цирих.
По тој натпревар, а пред зимската пауза, Лацио ќе игра уште два натпревари, против Удинезе, односно Киево.

Најнови вести