Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2017

Добри вести за Милан, се враќа Ромањоли

Стоперот на Милан конечно се врати на тренинзите, би требало да настапи во наредните кола, можеби веќе во следното.

Во натпреварот против Болоња се повреди Алесио Ромањоли, фудбалерот на Милан, кој е еден од столбовите на одбраната на тој тим.
Многумина се плашеа дека се работи за сериозна повреда, но тој се врати порано отколку што се очекуваше.
Тој вчера утрото го одработи тренингот со Милан, така што дефинитивно ќе биде подготвен за натпреварот против Киево, кој на програмата е викендов.
Најверојатно нема веднаш да игра во стартната постава, сè додека не ги врати целосно формата и кондицијата.
Во тимот на Милан нема да игра Игнасио Абате, кој има повреда на окото.

 

Најнови вести