Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

Лагербек ја презеде Норвешка

Шведскиот стручњак Ларс Лагербек е нов селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка, објави тамошниот Фудбалски сојуз.

Лагербек на клупата на Норвежаните доаѓа по очајниот старт во квалификациите за Светското првенство во Русија и само три освоени бода од четири натпревари.
Тој на клупата на „викинзите“ ќе го замени Пер-Матијас Хегмо, кој поднесе оставка во ноември, по поразот во Чешка (2-1).
Лагербек е докажан стручњак во скандинавските земји, успеси постигнуваше со репрезентацијата на Шведска и посебно со Исланд, со кого изненадувачки дојде до четврт-финалето на Европското првенство во Франција.

Најнови вести