Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2016

Квалификации за СП: Германија со сигурен старт

Германија, актуелниот светски шампион, во гости ја совлада Норвешка со 3-0 и со тоа уверливо стартуваше во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Фудбалерите на Германија беа доминантни во текот на целиот натпревар и многу лесно доаѓаа до казнениот простор на противникот. Два гола за Германците постигна Томас Милер, во 16-тата и во 60-тата минута, додека третиот погодок беше на Џошуа Кимих во 45-тата минута.
Во вчерашните одиграни натпревари од групата Ц, Азербејџан на гостински терен го совлада Сан Марино со 1-0, додека Чешка дома одигра без голови 0-0 против Северна Ирска.
Во последниот натпревар од првото коло во групата Ф Шкотите во гости ја поразија Малта со 5-1. Единствениот гол за домаќините го постигна Алфрес Ефионг во 14-тата минута од средбата, со којшто го изедначи водството на Шкотска за која стрелец беше Роберт Снодграс во 10-тата минута, кој исто така погоди и во 62-рата и во 84-тата минута, а другите два гола ги постигнаа Крис Мартин во 53-тата и Стивен Флечер во 78-мата.
Во оваа група претходно Англија во гости ја совлада Словачка со голот на Лалана во петтата минута од судиското продолжение на средбата, додека во натпреварот меѓу Литванија и Словенија, Литванците го испуштија водството од 2-0 на полувремето, па натпреварот заврши без победник со 2-2.
Натпреварот од групата Е во Букурешт меѓу Романија и Црна Гора заврши со резултат 1-1, со головите постигнати во последните пет минути. Прво поведе домаќинот со голот на Адријан Попа во 85-тата минута, а по две минути Стеван Јоветиќ изедначи.
Во групата Е претходно Полска во Казахстан ја испушти предноста од два гола направена уште во 35-тата минута и му дозволи на домашните фудбалери два гола да изедначат на 2-2. Во натпреварот меѓу Данска и Ерменија очекувано Данците победија со 1-0.

 

Најнови вести