Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2013

Втор пораз на Македонија на турнејата во Скандинавија

По поразот од Шведска од 1-0 пред осум денови, македонската фудбалска репрезентација, со комбиниран состав, загуби и од Норвешка со 2-0.

Ова е четврти пораз на Македонија во последните четири натпревари без постигнат гол, по двата порази од Белгија во квалификациите и на тестот со Шведска.
Нашите репрезентативци почнаа отворено и направија неколку шанси за гол на стартот на натпреварот, но не го совладаа норвешкиот голман, па казната стигна само по девет минути игра, кога Скејлбред ја искористи невнимателноста на нашата одбрана и со глава ја смести топката во мрежата.
По примениот гол, Норвежаните ја презедоа иницијативата и до крајот на полувремето ја контролираа играта, а Македонија се закануваше преку контранапади, но без успех.
Во 53-тата минута Хасани ја погоди стативата на голот, откако се проби во шеснаесетникот и беше очи во очи со голманот. Во 60-тата минута Бобан Грнчаров доби непотребен црвен картон, откако приговараше заради тоа што беше опоменат со жолт картон поради влечење на противнички играч, по што Норвежаните целосно ја преземаа иницијативата.
Победата на домаќинот ја потврди Братен во 79-тата минута, откако се проби по левата страна и силно биеше во горниот дел од голот.
Шанса да постигнеме утешен погодок на три минути пред крајот имаше Јаховиќ, кој излезе сам пред противничкиот голман, но не беше доволно концентриран.

Најнови вести