Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2015

Почнува баражот за Евро 2016

Со натпреварот помеѓу Норвешка и Унгарија вечерва почнува баражот за пласман на Европското првенство во Франција следната година.

Покрај овој натпревар се среќаваат и репрезентациите на Босна и Херцеговина - Ирска во петок, Украина - Словенија и Шведска - Данска во сабота.
Реванш натпреварите се на програмата три дена после првите натпревари, кои се играат во Осло, Зеница, Лавов и Солон, предградие на Стокхолм.
Норвежаните се веќе 30 години без пораз од Унгарците, а немаат пораз во Осло во последните четири квалификациски натпревари.
Сепак домаќините не се надеваат премногу на традицијата бидејќи таа кажува и дека никого не победиле на свој терен веќе 20 години во ноември.
„Имаме подготвени играчи кои настапуваат за клубови кои и понатаму се борат во Европа. Ова е нова Норвешка и понатаму работиме на развивање на тимот. Верувам во овие момци, горд сум како се носат со победите и со поразите“, изјави селекторот на Норвешка, Пер-Матија Хемго.
Додека Норвежаните се со резултат од шест победи и три порази во десет натпревари завршија зад Италија и Хрватска, Унгарците имаа ефект од четири триумфа и два пораза зад Северна Ирска и Романија, а трагично останаа и без директниот пласман како најдобар третопласиран тим.
„Добар почеток е многу важен. Норвешка е одлична, има играчи кои настапуваат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Добар резултат би ни донел одличен тимски дух. Не смееме да им дадеме шанса“, изјави селекторот на Унгарија, Бернд Строк.

Бараж за Европско првенство:

денес, 20:45 ч. Норвешка - Унгарија
петок, 20:45 ч. Босна и Херцеговина - Ирска
сабота, 18 ч. Украина - Словенија
сабота, 20:45 ч. Шведска - Данска

Најнови вести