Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2016

Норвешка остана без селектор

Пер-Матијас Хегмо, селекторот на Норвешка, поднесе оставка поради лошите резултати на екипата во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Норвешка не успеа да се пласира на Светското првенство 2014 година во Бразил, ниту на Европското првенство ова лето во Франција.
Во квалификациите за Мундијалот во Русија, Норвешка е претпоследна во групата Ц со три бода од четири натпревари.
Норвешка во петокот изгуби од Чешка со 1-2 во Прага.
„Фудбалскиот сојуз и Хегмо договорно ја раскинаа соработката“, се наведува во соопштението на Сојузот.
На светската ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација Норвешка се наоѓа на 81-вото место, што е нејзин најлош пласман, додека во 2012 година беше 24-та селекција на светот.

 

Најнови вести