Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2015

Унгарците по 44 години на Европското првенство

Фудбалерите на Унгарија ќе играат во Франција на Европското првенство после 44 години, по победата над Норвешка во домашниот бараж.

Унгарците после победата со 1-0 во Осло ја совладаа Норвешка и во Будимпешта со резултат од 2-1 и со тоа поприлично убедливо си обезбедија виза за Франција.
Унгарците преку бараж средбата први го обезбедија пласманот во Евро 2016, а во останатите натпревари се среќаваат Словенија – Украина, Данска – Шведска и Ирска  - Босна и Херцеговина.
Тоа е прво големо натпреварување на кое Унгарците учествуваат уште од 1986 година и Светското првенство во Мексико, додека пак последен пат играа на Европското првенство во 1972 година во Белгија кога беа на четвртото место.
На „Групама арена“ во Будимпешта домаќините беа подобри противници, иако поради кадровските проблеми скоро да беа отпишани од баражот. Првата поголемата шанса на натпреварот ја искористија во 14-тата минута кога Томаш Пришкин постигна гол од  контра напад.
Напаѓачот на Слован од Братислава доби длабинско подавање и совршено го погоди спротивниот агол од  15 метри раздалеченост.  
Дваесетина минути подоцна Унгарија пропушти уште една шанса што Норвежаните ја искористија и првпат и се заканија на Унгарија преку Хауланд во 43-тата минута.
Иако се очекуваше во другиот дел од играта репрезентацијата која ја води Пер-Матијас Хегем да тргне со сите сили, домаќините постепено завладеаја со теренот. Балаж Џуџак ја погоди пречката, за подоцна уште еднаш да биде непрецизен, пред Кираљи да успее да го спречи Педерсен да изедначи.  
Во 83-тата минута сè беше решено и цела Унгарија можеше да почне со славење. После корнерот на Унгарците, Маркус Хенриксен ја смести топката во својата мрежа и со тоа дојде до конечен пораз на Норвешка.  
Сè што постигнаа гостите до крајот е да постигнат утешен погодок токму преку Хенриксен кој барем малку се извади за грешката која ја стори неколку минути порано. 

Најнови вести