Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2015

Бараж за Евро 2016: Унгарците го смирија Осло

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја победи репрезентацијата на Норвешка со 1-0 на гостувањето во првиот натпревар од баражот за Европското првенство 2016 година во Франција.

Јунак на триумфот беше 21-годишниот Унгарец Ласло Клајнхасер, кој го постигна единствениот гол во 26-тата минута.
Реванш натпреварот ќе се одигра во недела во 20:45 во Будимпешта.
Првата шанса на натпреварот ја имаа домаќините уште во четвртата минута, но Габор Кираљи со својата одлична интервенција го спречи обидот на Пер Скјелбред.
Унгарското десно крило во 26 минута шутираше десет метри од косо, Оријан Ниланд ја закачи топката, но недоволно за да спречи да не заврши во мрежата. Последната шанса во првиот дел на играта го пропушти Александер Содерлунд, за подоцна Кираљи да се истакне повторно.
Стартот на второто полувреме донесе неочекуван притисок на Норвежаните, додека пак Унгарците својата можност ја чекаа од контра напад и успешно ги спречуваа обидите на домашната репрезентација.
Ништо значајно не се промени ни во преостанатите дваесет минути, иако Норвежаните на сите начини се обидуваа да стигнат барем до изедначување на резултатот.
Денес се состануваат Босна Херцеговина со Република Ирска, додека пак утре се среќаваат Шведска и Данска, а Украина ја пречекува Словенија.

Најнови вести