Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Закрепнаа Видал и Робен, повреда на Рибери

Франк Рибери, фудбалерот на Баерн од Минхен, ќе отсуствува од теренот околу две седмици поради повреда на бутниот мускул.

Овој 33-годишен Французин се повреди на вчерашниот тренинг на екипата, па ќе ги пропушти дуелите со Шалке и Инголштад во Бундеслигата, како и со Волфсбург во Купот.
Во прашање e и неговиот настап во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Арсенал на 15-ти февруари.
Баерн соопшти и добри вести. „Баварците“ наведоа дека Артуро Видал закрепнал и го одработил целиот тренинг, како и Арјен Робен.
Карло Анчелоти, тренерот на Баерн, од претходно поради повреди не може да смета на Кингсли Коман, Чаби Алонсо и Филип Лам, коишто имаа индивидуални тренинзи.

Најнови вести