Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2017

Мареј и Кербер елиминирани во осминафиналето

По елиминацијата на Новак Ѓоковиќ во второто коло на Отвореното првенство на Австрачока, денеска во осминафиналето се елиминирани и најдобрите во машка и женска конкуренција.

Педесеттиот тенисер на светот, Германецот Миша Зверев го елиминираше првиот носител, Британецот Енди Мареј со 3-1 во сетови. Зверев го доби првиот сет со 7:5, а со ист резултат возврати Британецот во вториот. Потоа со убедливи 6:2 и 6:4 Германецот обезбеди место меѓу осумте најдобри каде ќе игра против Роже Федерер.
Швајцарецот во интересен  напревар го елиминираше Јапонецот Кеи Нишикори со 3-2 во сетови. Претходно во пласман обезбедија Жо Вилфред Цонга и Стен Вавринка, па токму овие двајца ќе се борат за место во полуфиналето.
Најдобрата тенисерка на светот, Германката Анжелик Кербер, доживеа вистински шок во осминафиналето откако Коко Вандевег, 35-тата на ВТА листата, славеше со убедливи 2-0 за час и 10 минути игра. 
Утре рано наутро се играат и останатите четири осминафинални натпревари во машка и женска конкуренција, по кои ќе се комплетира четврт-финалето.

Најнови вести