Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2016

Вориорс на 2-0 и без Кари

Кошаркарите на Голден стејт во целост ја искористија предност на домашниот терен и во вториот натпревар на првото коло во плеј-офот го совладаа Хјустон со 115:106.

Во составот на Вориорс не беше Стефен Кари поради повредата на глуждот, но ни тоа не беше доволно за Хјустон сериозно да се заканат и евентуално да ја најави сензацијата на стартот на доигрувањата.
„Кога Стефен е отсутен, нашите момци разбираат дека не е тука и дека не можат да сметаат на него, така што мораат да спорведат план. Ако тоа не го сторат нема да постигнеме доволно поени. Сега му е малку подобро од вчера“, изјави тренерот на шампионот на лигата Стив Кер.
Најефикасен во Голден стејт беше Клеј Томсон со 34 коша, Андре Игудала додаде 18, Шон Ливингстон 16, а Дрејмонд Грин запиша 12 поени и 14 скокови.
Далас во Оклахома ги изненади Тандерс (85:84), додека Торонто ја совлада Индијана со 98:87. Моментален резултат во двете серии е 1-1.

Најнови вести