Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2016

Ромањоли: Играчите би сакале Михајловиќ да остане

Фудбалерите на Милан се задоволни со работата на тренерот Синиша Михајловиќ и би сакале тој да ја води екипата и следната сезона, изјави дефанзивниот играч Алесио Ромањоли.

„Синиша е тренер кој сè што мисли кажува во лице и не постои разлика меѓу ‘големите’ и ‘малите’ играчи. Дали би сакал да остане? Изборот е на клубот, но можам да кажам дека сме среќни во соработката со него и би сакале да остане“, изјави Ромањоли кого Михајловиќ го поведе со себе од Сампдорија во Милан .
Се шпекулираше дека странците во Милан негодуваат поради одлуката на Михајловиќ да го прати тимот во карантин по поразот од Аталаната минатиот викенд. Српскиот тренер практично секој ден се соочува со промена поради нешто полошите резултати оваа сезона.
Фудбалерите на Милан се наоѓаат на шестото место на табелата на првенството со 49 бодови, а ги очекува и финалето на националниот куп против Јувнетус.

Најнови вести