Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2015

Шпанците златни на Евробаскетот

Шпанците не успеаја на свој терен да ги освојат светската и европската круна, но сето тоа го надополнија во Лил.

Пау Гасол го доведе тимот од Пиринејскиот Полуостров до ново европско злато и до Олимписките игри во Рио де Жанеирио, по победата против Литванија со 80:63 (19:8, 22:25, 19:10, 20:20).
Сè што пропушти да направи „црвената фурија“ кога ги организираше Светското и Европското првенство, ѝ се врати во Лил.
Во полуфиналето беше совладан моќниот домаќин Франција, кога Гасол ги постигна половината од 80-те поени, а во финалето против Литванија повторно го предводеше тимот.
Одличниот центар постигна 25 поени и имаше 11 скокови. Серхио Љуљ имаше 12 поени и шест скокови, а Руди Фернандес додаде 11 поени.
Кај Литванците најефикасни со по 13 поени беа Сеибутис и Калниетис, а Валанчијунас имаше десет поени и десет скокови.
Финалето беше целосно неинтересно. Во првата четвртина Литванците не можеа ништо да погодат, уште тука заостануваа со двоцифрен број и тогаш сè беше решено.
Во малото финале, Франција ја победи Србија со 81-68 и ја освои бронзата.

Најнови вести