Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2015

Грција пресилна на стартот на Евробаскетот

Македонската кошаркарска репрезентација забележа убедлив пораз од нашиот јужен сосед Грција со 65-85 на првиот натпревар од Европското првенство во кошарка.

Македонија одлично го почна натпреварот и поведе со 7-1, но потоа дојде до израз квалитетот на противникот кој врати со серија од 14-2 и по првата четвртина имаше 7 коша разлика, која ја зачува и на полувремето.
Во третата четвртина нашите репрезентативци одиграа солидно и им парираа на Грците, но во последната четвртина нивото на играта падна и Грција дојде до +20 на крајот.
Александар Костоски со 20 поени ја предводеше Македонија, воедно тој беше најефикасниот играч на мечот. Покрај Костоски двоцифрен број на кошеви за Македонија постигна уште и Војдан Стојановски, 13. Кај Грција се истакна триото Принтезис 18 поени, Бурусис 16 поени и 10 скока, Куфос 11  поени и 11 скока.
Во останатите натпревари од Групата Ц Холандија ја победи Грузија со 73-72, а Хрватска беше подобра од Словенија со 80-73.
Македонската репрезентација денеска во второто коло 15 часот  ќе игра против Холандија и тука ќе ја бара шансата за прва победа.

Најнови вести