Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2015

Македонија „сребрена“ во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација го освои второто место во Европската лига по поразот од Словенија со 3:0 (25:21, 25:20 и 25:17) во финалето на турнирот во Полска.

Нашите најдобри одбојкари го подобрија резултатот од ланската сезона кога ја освоија бронзата со учеството во полуфиналето.
Избраниците на селекторот Жарко Ристоски немаа сила за уште една победа, но не разочараа бидејќи полуфиналниот триумф над Естонија ги исцрпи новите спортски херои по долгото патешествие до турнирот во Полска. Словенија беше подобар противник и за првпат во својата историја ја освои титулата.
„Им честитам на Словенците за победата. Пред дуелот стравував единствено од нивниот добар сервис. За жал тие имаа ден, а ние имавме потешкотии во приемот. Сепак ова е наш најдобар резултат и јас сум горд на моите играчи“, изјави селекторот на Македонија Жарко Ристоски по натпреварот.
Македонија го доби признанието за фер-плеј во овогодишната Европската лига, а во најдобриот тим од ЕЛ 2015 влегоа двајца македонски одбојкари - најдобриот поентер Јовица Симовски како коректор и капитенот Никола Ѓоргиев како примач. МВП на 12 издание од Европската лига е избран техничарот на Словенија Дејан Винчиќ.
Во „малото финале“ Полска ја победи Естонија со 3:0 и ја освои бронзата.

Најнови вести