03.3.2015 Ливерпул подготвува проштален натпревар за Џерард
Англискиот премиерлигаш Ливерпул планира да организира проштален натпревар за легендарниот капитен Стивен Џерард.
Ревијалниот натпревар ќе се одигра на „Енфилд роуд“ на 29-ти март, за време на паузата во националните првенства поради репрезентативните обврски.
На збогувањето со Џерард ќе присуствуваат неговите сегашни и поранешните соиграчи, а еден од нив е и Џејми Карагер, кој поради овој настан ги одложил работните обврски и отворањето на ресторанот во Њујорк.
Џерард на крајот на сезоната ќе го напушти клубот за којшто играше 17 години и ќе направи трансфер во Лос Анџелес галакси. Тој за Ливерпул одигра 702 натпревари и постигна 183 голови, ги освои: Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, два пати Лига купот и три пати ФА купот.
Не успеа да го подигне пехарот на Премиер лигата, но тоа не го спречи да стане миленик на навивачите и симбол на тимот од „Енфилд роуд“.
За репрезентацијата на Англија одигра 114 натпревари и постигна 21 гол.