Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2014

Македонија убедливо поразена на стартот на квалификациите

На стартот на квалификациите за Европското фудбалско првенство 2016 година во Франција, Македонија беше поразена со 5-1 од Шпанија.

Нашите репрезентативци се носеа со разиграните Шпанци само до 15-тата минута кога Серхио Рамос од пенал ја доведе „фуријата“ до водство. Една минута подоцна Пако Алкасер го зголеми водството. 
До крајот на првото полувреме Македонија го намали резултатот преку Агим Ибраими кој од пенал го совлада Икер Касилјас. Но до крајот на полувремето, во судиското продолжение, Бускец повторно ја зголеми предноста на два гола.
Шпанците продолжија со нападите и веќе во 50-тата минута беше 4-1 со голот на Давид Силва, а конечниот резултат го постави Педро во судиското надополнување на натпреварот.
Во останатите натпревари од нашата група, Луксембург на домашен терен одигра нерешено со Белорусија, а Словачка на гостински терен ја победи Украина со 0-1.
Во следното коло на 9-ти октомври, Македонија ќе игра против Луксембург во Скопје.
На Европското првенство, покрај домаќинот, директен пласман ќе обезбедат првите две екипи од деветте групи, една третопласирана со најдобар резултат и четири најуспешни во баражот на третопласираните.

Најнови вести