Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2014

Ричард Хендрикс стана Македонец

Ричард Хендрикс, кошаркарот на Локомотив Кубањ, ќе игра за репрезентацијата на Македонија, во која ќе го замени Бо Мекејлеб.

Мекејлеб се повлече од националниот тим по Европското првенство во Словенија, а поради правилата дека репрезентацијата може да има само еден натурализиран играч, изборот падна на Хендрикс, кој игра на позицијата крилен центар.
Хендрикс вчера ѝ се придружи на македонската репрезентација на подготовките за квалификациите за Европското првенство наредната година и првите впечатоци му се позитивни.
„Првите впечатоци се позитивни, се чувствувам добредојден. Градот е убав, условите за работа и тренинзи се добри и навистина сум мотивиран да ѝ се приклучам на репрезентацијата и да помогнам најдобро што можам. Со селекторот Џикиќ кратко разговарав за плановите и едвај чекам да почнам со тренинзи“, изјави Хендрикс по доаѓањето во Скопје.
Хендрикс, за разлика од останатите репрезентативци, доби слободно претпладне, а првиот тренинг со новите соиграчи ќе го одработи во текот на вечерта.
Американскиот кошаркар е од Алабама, а пред Локомотив, играше за: Гранада, Макаби и Емпорио Армани.
Во Евролигата, Хендрикс на 23 натпревари просечно бележеше по 10,5 поени, 7,3 скокови и 1,9 асистенции.
Македонија ќе игра во квалификациите за Европското првенство во групата Д со Белорусија, Белгија и Данска.

Најнови вести