Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2014

Ленон го раскина договорот со Селтик

Нил Ленон, менаџерот на Селтик од Глазгов, изјави дека по четири години се разделил со клубот, иако е осигурена третата последователна титула на Шкотска.

„Се разделив со Селтик. Клубот моментно е во многу добра позиција и на навивачите и на целиот тим им посакувам сè најдобро во иднина“, изјави 42-годишниот Ленон.
Соопштението на Ленон се појави пред неговиот разговор со извршниот шеф на Селтик, Питер Лоувел.
Ленон го презеде Селтик во 2010 година и успеа со тимот да освои три шампионски титули и два трофеи на Купот на Шкотска.
Селтик со Ленон во ноември 2012 година оствари победа над Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Како што наведува Би-би-си, Ленон е незадоволен од недоволниот буџет на Селтик за следната година.

Најнови вести