08.2.2014 Спектакуларно отворањето на Зимската олимпијада
Со спектакуларна церемонија на олимпискиот стадион „Фишт“ беа отворени 22. Зимски олимписки игри. Олимпискиот пламен го запали најдобриот руски хокеар, Владислав Третјак и лизгачката Ирина Родињина.
Три часа траеше спектаклот на отворањето на 22. Зимски олимписки игри. Еден дел историја, еден дел одлична претстава со која домаќините гордо ја презентираа својата голема историја и богата традиција.
Македонија ќе учествува со тројца спортисти, а нашата делегација ја предводеше знаменосецот Дарко Дамјановски.
На игрите ќе се натпреваруваат 2.800 спортисти во седум спортови и 15 дисциплини. Најмногу спортисти имаат Американците, 230, пет повеќе од домаќинот Русија.
Русија за организација на ЗОИ потроши повеќе од 50 милијарди долари што е најмногу во досегашната историја на игрите. Вкупните трошоци излегоа четири пати поголеми од планираното и со тоа Сочи го собори рекордот на ЛОИ во Пекинг кои Кинезите ги чинеа 44 милијарди долари. Претходната Зимска Олимпијада во Ванкувер чинеше „само“ осум милијарди долари.