19.2.2014 САД и Холандија со најмногу одликувања во Сочи
Во досегашниот дел од Зимските олимписки игри во Сочи олимписките селекции на САД и Холандија имаат освоено најголем број одликувања (20), додека Германците се најуспешни по бројот на освоени златни медали, дури осум.
Германија е лидер на табелата токму поради освоените златни медали, втора е Норвешка, која има 18 одликувања, но седум златни. Трета е Холандија, па потоа следуваат САД, Русија, Швајцарија, Белорусија, Канада, Полска и Кина.
Досега на Зимските олимписки игри во Сочи вкупно 26 земји освоиле барем по еден медал.