Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2014

Дамјановски 78-ми на спринтот во Сочи

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање Дарко Дамјановски е првиот од нашите претставници што настапи на Зимските олимписки игри во Сочи.

Делницата долга 1.800 метри тој ја мина за време од 4:08,56 минути, што беше доволно за да се пласира на 78-мото место во конкуренција на 86 нордиски скијачи, од кои 85 ја завршија трката.
Времето на Дамјановски беше за 40,21 секунда послабо од тоа на Ола Виген Хатештад од Норвешка, кој беше најбрз во овие квалификации.
Репрезентативецот на Македонија не успеа да се пласира во следната рунда, бидејќи за четврт-финалето место обезбедија само најдобрите 30 нордиски скијачи.

Најнови вести