Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2013

Шпанците го демантираа секс скандалот во Бразил

Шпанија ги демантираше бразилските медиуми кои ги обвинија дека по победата над Уругвај на стартот на Купот на конфедерациите, Шпанците направиле забава во хотел на која се точело алкохол и со „пријателки на ноќта“ се играло покер во соблекување.

Актуелните светски и европски шампиони минатата седмица соопштија дека во текот на натпреварот со Уругвај, кој заврши со нивна победа од 2-1, биле ограбени, односно дека од нивните соби исчезнале пари на шестмина играчи.
Во приказната која ја објави еден бразилски весник под име „Секс, лаги и видеоленти“ се вели дека кражбата е забележана откако пет жени го напуштиле хотелот.
Шпанската фудбалска федерација ги демантираше наводите на бразилските медиуми и наведе дека со тоа се нарушени угледот и репутацијата на шпанските фудбалери.
„Шестмина фудбалери беа жртви на кражба во текот на натпреварот со Уругвај. Тоа е пријавено на бразилската полиција“, се вели во соопштението на Шпанскиот фудбалски сојуз.
Како што наведе Шпанската фудбалска федерација, овој скандал нема да влијае на тимот пред полуфиналната средба со Италија во Форталеза, во четврток.

Најнови вести