Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2013

Менаџерот на Селтик суспендиран на три натпревари

Шкотскиот фудбалски сојуз го казни Нил Ленон, менаџерот на Селтик, со суспензија на три натпревари (против Мадервел, Рос каунти, Сент Џонстон) поради непримерно однесување.

Тренерот на Селтик е казнет поради жестока караница и употреба на навредлив речник кон Џим Гудвин, одбранбениот играч на Сент Мирен, за време на натпреварот во март (1-1), а која се одвиваше пред телевизиските микрофони.
Иако Гудвин подоцна го бранеше Ленон, а инцидентот не е внесен во судискиот записник на средбата одиграна на „Сент Мирен парк“, Шкотскиот фудбалски сојуз одлучи да дејствува откако прими две жалби од телевизиските гледачи.
Ленон има пет дена за жалба на ваквата одлука, а најверојатно тоа ќе го направи денес, што значи дека во недела ќе седи на клупата на првенствениот натпревар против Инвернес, во кој неговата екипа може и математички да ја осигури одбраната на националната шампионска титула.

Најнови вести