16.11.2012 Мунтеану нов тренер на Динамо Букурешт
Трофејниот романски клуб Динамо Букурешт за тренер го назначи Доринел Мунтану кој го замени италијанскиот стручњак Дарио Бонети.
„Ова е важен ден за мене затоа што се враќам во клубот кој ми ги отвори вратите, ми овозможи да направам трансфер на запад и да влезам во националниот тим“, изјави Мунтеану, поранешниот играч на Келн и на Волфсбург.
Тој е рекордер по настапите за романската репрезентација со 134 одиграни натпревари во периодот од 1991 до 2007 година.
Мунтеану во сезоната 2010/11 како тренер на Оцелул Галац ја освои титулата во романскиот шампионат и Суперкупот на Романија.
Поранешниот тренер на Динамо, Бонети, се заблагодари на клубот и на навивачите и додаде дека му е жал што не го доврши почнатиот проект.
Динамо Букурешт по 15 кола во националното првенство е на петтото место со 16 бодови помалку од лидерот и големиот градски ривал Стеауа.
Во својата историја Динамо досега има освоено 18 титули шампион на Романија и 13 пати триумфирал во Купот.