Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2012

Мунтеану на клупата на Мордовија

Доринел Мунтеану е назначен за нов тренер на рускиот прволигаш Мордовија од Саранск.

Мунтеану е фудбалер со најмногу настапи во историјата на романската фудбалска репрезентација со 134 натпревари, а на клупата на Мордовија Саранск го наследи Русинот Фјодор Шчербаченко кој е сменет по серијата лоши резултати.
Четириесет и четиригодишниот Мунтеану е втор романски тренер на клупата на некој руски прволигаш откако Дан Петреску, кој беше именуван за тренер на Динамо Москва, го прероди клубот.
Во досегашната тренерска кариера Мунтеану водеше само романски клубови, меѓу кои Клуж, Васлуј, Стеауа, Оцелул Галац и Динамо Букурешт, а Мордовија ја презема на последното место на табелата во руското првенство со само девет освоени бодови по 19 кола.