08.2.2017 Синот на легендарниот Ривалдо потпиша за Динамо од Букурешт
Екипата Динамо од Букурешт доби познато засилување, барем кога се во прашање фудбалските гени.
Синот на легендарниот Бразилец Ривалдо, 21-годишниот Ривалдињо потпиша договор за овој клуб.
Ривалдињо, кој игра на позицијата центарфор, во Европа претходно го носеше дресот на Боависта, а кариерата ја почна во Моги Мирим, играјќи за тимот во исто време кога и неговиот татко, тогаш веќе ветеран.
Тој исто така го носеше дресот на: Пајсанду, Интернасионал и на екипата на 15 Ноември.