16.11.2012 Навивачите го купуваат Портсмут
Група на навувачи на Портсмут би можела да го преземе клубот до крајот на годинава откако потпишаа договор за откуп на англискиот третолигаш, кој е во стечај.
Поранешниот премиерлигаш е проценет на 61 милион фунти, а отиде во стечај во февруари оваа година.
„Се надевам дека до крајот на годината ќе успееме да ја реализираме купопродажбата и во 2013 година да влеземе како голем клуб“, изјави претседателот на навивачкиот конзорциум Ешли Браун.
Стечајниот управник на клубот, Тревор Бирч, потврди дека е потпишан договор за откуп на клубот од страна на навивачите.
„Потврдувам дека се договоривме за откуп на клубот од страна на навивачкиот конзорциум, но не и за стадионот ’Фратон парк’. Се работи за условена продажба, во зависност од тоа дали ќе биде одобрена од судот“, изјави Бирч.