22.10.2012 Напаѓачот на Киркланд веќе осуден
Хулиганот кој во петокот физички го нападна Крис Киркланд, голманот на Шефилд, во текот на натпреварот со Лидс денес веќе е осуден на четири месеци затвор.
Дваесет и едногодишниот Арон Коули од Челтенхем се изјасни за виновен за нападот на голманот и упаѓање на теренот на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд.
На Киркланд по нападот од страна на хулиганот, кој со двете раце го удри во лицето и падна на теренот, му беше потребна лекарска помош.
Фудбалската асоцијација на Англија покрена истрага по дивеењето на навивачите на овој натпревар, кога на теренот беа фрлани шишиња, а од двата навивачки табори се слушаа навредливи песни.