Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2012

Иличевиќ поради повреда го пропушта Гројтер Фирт

Иво Иличевиќ, хрватскиот фудбалер за врска на Хамбургер, дефинитивно ќе ја пропушти гостинската средба од седмото коло на германското првенство против Гројтер Фирт, кој на распоредот е во сабота.

Веста официјално ја објави Хамбургер на својата интернет-страница, а како причина за отсуството на Иличевиќ се наведува повредата на задниот дел на бутниот мускул.
Иличевиќ се повреди во натпреварот од шестото бундеслигашко коло против Хановер, кој Хамбургер го доби со 1-0.
Во соопштението на клубот од Хамбург се наведува дека поради повредата засега не е сигурно дали Иличевиќ ќе биде способен да патува на собирот на хрватската репрезентација за квалификациските средби за Светското првенство во 2014 година против Македонија во Скопје (на 12-ти октомври) и против Велс во Осиек (на 16-ти октомври).

Најнови вести