Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2012

Адурис три години во Атлетико

Ариц Адурис, досегашниот напаѓач на Валенсија, по трет пат во својата кариера ќе игра за Атлетико. Фудбалскиот клуб од Билбао на својата интернет-страница објави дека е потпишан договор на три сезони.

Иако не е објавен износот на оштетата, се претпоставува дека Билбао на Валенсија ѝ исплатил 2,5 милиони евра за 31-годишниот напаѓач кој во кариерата имаше и еден настап за шпанската репрезентација.
На „Месталја“ Адурис стигна во 2010 година од Мајорка, но во редовите на „лилјаците“ не импресионираше постигнувајќи 22 погодоци во 82 настапи.
За екипата на Билбао веќе играше во сезоната 2002/03, па потоа меѓу 2006 и 2007 година.

Најнови вести