Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2012

Аурелио потпиша за Гремио

По шест години минати во Ливерпул, бразилскиот лев бек Фабио Аурелио се пресели во редовите на Гремио, за кого потпиша едно и полгодишен договор.

Триесет и двегодишниот дефанзивен играч во бразилскиот клуб доаѓа без оштета по истекувањето на договорот со тимот од „Енфилд роуд“, а нов не му беше понуден.
Аурелио во Ливерпул стигна во 2006 година од Валенсија, а неговиот шестгодишен престој беше проследен со голем број повреди, па поради тоа собра само осумдесет и шест премиерлигашки настапи.
Во својата кариера, освен за англискиот и шпанскиот клуб, тој има настапувано и за Сао Пауло, тимот во кој ги имаше своите фудбалски почетоци.

Најнови вести