Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2012

Шалке во Баскија без Фукс и Дракслер

Германскиот бундеслигаш Шалке ќе биде лишен од услугите на Кристијан Фукс и Јулијан Дракслер за реваншот од четврт-финалниот натпревар од Лигата на Европа против Атлетик Билбао.

Левиот одбранбен фудбалер Фукс отпадна од конкуренција поради настинка, додека, пак, младиот германски репрезентативец ќе биде ослободен од овој меч поради замор од континуирано играње.
На местото на овие двајца стратегот Хуб Стевенс во составот други улоги ќе им даде на Тим Хогланд и Кристоф Мецелдер, кој ќе мора да ја пополни левата дефанзивна позиција.
Првиот натпревар кој се одигра во Гелзенкирхен на „Ауфшалке арената“ заврши во полза на Шпанците, кои славеа со 4-2.

Најнови вести