04.7.2018 Полска го смени селекторот по пет години
Фудбалската федерација на Полска соопшти дека нема да ја продолжи соработката со селекторот Адам Навалка по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство во Русија.
Федерацијата одлучи да не го продолжи договорот со селекторот кој на функцијата ќе биде до 30-ти јули.
Полска во групата Х ја победи Јапонија со 1-0, а беше поразена од Сенегал со 2-1 и од Колумбија со 3-0.
Навалка по елиминацијата изјави дека тој е одговорен што репрезентацијата не ги исполни очекувањата на Мундијалот и дека не направил најдобар избор на фудбалери за турнирот.
Навалка ја презема репрезентацијата на Полска во ноември 2013 година.