Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2018

Револуција во Англија: Одобрена зимска пауза од две седмици во Премиер лигата

Сојузот наведе дека во текот на паузата, првиот викенд ќе се одиграат пет натпревари, а вториот викенд уште пет.

Фудбалскиот сојуз на Англија вчера одобрил воведување зимска пауза од две седмици во Премиер лигата, почнувајќи од сезоната 2019/20.
Но, Сојузот наведе дека во текот на паузата, првиот викенд ќе се одиграат пет натпревари, а вториот викенд уште пет.
Натпреварите од петтото коло на ФА купот ќе се поместат и ќе се играат на средината на седмицата, почнувајќи од сезоната 2019/20, а ќе се укинат реваншите од петтото коло на тоа натпреварување и ќе се играат продолженија и пенали.
„Ова е значаен момент за англискиот фудбал и веруваме дека ќе им донесе голема корист на клубовите и на репрезентацијата. Не е тајна дека имаме густ календар и со години баравме решение. Исто така, најдовме начин на играчите да им ја обезбедиме потребната пауза во текот на сезоната, но успеавме да ја задржиме многу популарната програма за божиќните празници“, изјави Мартин Глен, извршниот директор на ФА, а пренесе „Скај“.