27.12.2017 Канте најдобар француски играч во изборот на „Франс фудбал“
Н’голо Канте е најдобар француски фудбалер за 2017 година во изборот на „Франс фудбал“.
Н’голо Канте две години по ред беше шампион на Премиер лигата, со Лестер и со Челзи, а реномираниот спортски весник го прогласи за играч на годината.
Признанието кое го доби Канте само добива тежина кога ќе ја погледнеме моменталната конкуренција. Победи во трката со Антоан Гриезман, Пол Погба и Килијан Мбапе.
Според некои информации, тој добил 92 гласа, пет повеќе од Мбапе, додека Карим Бензема е трет со 52 гласа.
Право да гласаат во овој избор имаат сите претходни добитници на наградата на „Франс фудбал“ за најдобар играч на годината, како и сегашниот главен уредник на весникот. Секој може да избере петмина играчи. Победник е оној кој има најмногу гласови.