18.11.2011 Нов договор за Фелаини
Маруан Фелаини, дваесет и тригодишниот играч за врска на Евертон и белгиската репрезентација, потпиша нов петгодишен договор, а постојниот му истекуваше во мај 2013 година.
Елегантен
и висок играч од средината на теренот, инаку доминантен во скок-играта, дојде
во клубот од „Гудисон парк“ во летото 2008 од Стандард за 15 милиони фунти.
За
Евертон досега собра 106 настапи и постигна 16 гола.
Феалини,
кој има мароканско потекло, ќе ја предводи репрезентацијата на Белгија во
квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година, во групата во која
се наоѓа и Македонија.