Корисничко име Лозинка Пријави се
08.12.2015

Кеита ќе паузира четири натпревари во Лигата на Европа

Напаѓачот на Лацио, Кеита Бладе Дијао, е суспендиран и нема да настапи на четири натпревари во Лигата на Европа поради добиениот црвен картон на натпреварот со Розенберг минатиот месец.

Кеита е исклучен во натпреварот кој се играше на 5 ноември, поради реакцијата по стартот на Андреа Хеланд и поради тоа доби стандардна суспензија од еден натпревар.
Италијанските медиуми пренесоа дека таа казна всушност е проширена за уште три натпревари, така што Кеита ќе го пропушти и натпреварот со Сент Етјен во четврток, како и двата дуела во шеснаесетинафиналето.
Лацио веќе го обезбеди првото место во својата група.

Најнови вести