Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2015

Гвардадо ќе паузира шест седмици

Андрес Гвардадо, фудбалерот на ПСВ и репрезентативец на Мексико, ќе паузира шест седмици.

Тој го повреди глуждот на натпреварот против Манчестер јунајтед, којшто холандскиот шампион го доби со 2-1.
Откако спаднал отокот и биле извршени дополнителни прегледи, потврдено е дека тој ќе паузира барем еден месец, но дека не е неопходна операција.
Гвардадо беше земен на заем од Валенсија, а таа позајмица претходното лето е направена постојана.

Најнови вести