Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2015

Руни ќе го пропушти стартот на Лигата на шампионите

Вејн Руни, капитенот на Манчестер јунајтед, поради повреда нема да игра на стартот на Лигата на шампионите против ПСВ од Ајндховен.

Руни нема да отпатува во Холандија бидејќи минатата седмица се повреди на тренинг, поради што го пропушти и дербито против Ливерпул (3-1).
„Руни најверојатно ќе биде подготвен за гостувањето на Саутхемптон во Премиер лигата. Тој е многу важен играч и не сакаме ништо да ризикуваме“, изјави Луис ван Хал.
Се верува дека холандскиот стручњак местото во стартната постава ќе му го даде на најскапо платеното засилување Антони Мартијал, стрелецот на дербито против Ливерпул.
Натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите меѓу ПСВ и Јунајтед се игра утре од 20.45 часот на „Филипс арената“.

Најнови вести