Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2016

Хуанфран: Симеоне нè натера да веруваме

Десниот бек на Атлетико Мадрид Хуанфран изјави дека тренерот Диего Симеоне ги натерал играчите да веруваат во триумфот над ПСВ.

„Јорганџиите“ меѓу најдобрите осум клубови во Европа дојдоа благодарение на подобро изведените пенали на домашен терен против ПСВ Ајндховен, откако ниту во реванш средбата немаше погодоци.
Токму десниот бек го постигна одлучувачкиот пенал и ја донесе големата радост на навивачите на „Висенте Калдерон“.
„Многу сум среќен кога видов како навивачите застанаа зад целиот тим. Верувавме, тренерот нè натера да веруваме“, изјави Хуанфран.
Тој истакна дека не сака да се сретне со некој тим од Примера.
„Не сакам да извлечеме некој шпански тим во продолжението на натпреварувањето. Но, кого и да добиеме ќе биде тежок противник“, додаде дефанзивниот играч на Атлетико Мадрид.

Најнови вести