Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2014

Коку опериран, нема да биде на клупата на ПСВ

Филип Коку, тренерот на ПСВ од Ајндховен, нема да биде во можност во наредниот период да седи на клупата на својот тим затоа што закрепнува од операцијата на тумор на грбот.

На поранешниот 43-годишен холандски репрезентативец оперативниот зафат му е извршен вчера, а до неговото закрепнување екипата ќе ја води асистентот Ернест Фабер.
„Тренерот на екипата Филип Коку е успешно опериран, туморот од долниот дел на грбот успешно е изваден, а медицинскиот тим процени дека сè поминало во најдобар ред. Се надеваме на брзо закрепнување“, се наведува во соопштението на екипата од Ајндховен.
ПСВ моментно е второпласиран тим во Ередивизе, со шест бодови помалку од водечкиот Ајакс, но и натпревар повеќе.

Најнови вести