Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2016

Шок во Холандија: Кикс на Ајакс, ПСВ шампион!

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата шампион на Холандија, 23-та во историјата, откако во последното коло на гости го совладаа Цволе со 3-1.

ПСВ го искористи големиот кикс на Ајакс, кој ремизираше на гостувањето на Де Графшап со 1-1.
Ајакс имаше подобра разлика и победата му ја гарантираше титулата, но по водството преку Јунес во 16, примија гол во 55-тата минута, стрелец беше Сметс,а до крајот не успеаја да дојдат до ново водство.
ПСВ тоа мајсторски го искористи со сигурната победа со головите на Лук де Јонг (два) и Локадија.
Освен титулата, ПСВ се избори за директен пласман во Лигата на шампионите, додека Ајакс ќе игра во квалификациите за елитното натпреварување.

Најнови вести