Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2013

Барселона: Афелај мора да оди на операција

Ибрахим Афелај, 27-годишниот холандски фудбалер на Барселона, во четврток ќе оди на операција поради хронична повреда на бутниот мускул на десната нога.

Веста ја потврди Барселона, а засега не е познато колку ќе отсуствува Афелај од теренот.
Минатата сезона Холанѓанецот ја помина на заем во Шалке, но одигра само десет бундеслигашки натпревари поради проблеми со повреди.
Откако на почетокот на 2011 година дојде во Барселона од ПСВ, овој крилен играч настапи само во 20 лигашки средби во дресот на каталонскиот клуб.

Најнови вести