Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2016

Луис: Тешко постигнуваме голови

Левиот бек на Атлетико Мадрид Фелипе Луис изјави дека не е задоволен со ремито од 0-0 против ПСВ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Се обидувавме, трчавме, но не можевме. Не бевме ладнокрвни во завршницата и тие добро се бранеа. Јасно е дека тешко ни оди да даваме голови, но правевме шанси, имавме две 100%. Мораме да победиме дома, нема друго“, изјави Луис.
Една од тие две шанси ја пропушти Антоан Гриезман.
„Иритира кога сакаш победа, а добиваш реми. Сепак, не е така лошо, ни останува реванш натпреварот кој го играме на домашен терен. Нема врска што ја пропуштив шансата и понатаму сум полн со самодоверба“, додаде францускиот напаѓач.
Реванш натпреварот е на програмата за 15- март во Мадрид.

Најнови вести