Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2016

Сити ја пишува историјата, Атлетико стравува од гол

Со реванш-дуелите на Манчестер сити – Динамо Киев и Атлетико Мадрид- ПСВ продолжува осминафиналето од Лигата на шампионите.

Сити има шанса прв пат да во историјата на клубот да се пласира во четврт-финалето од натпреварувањето, а со оглед дека е девет бодови од лидерот во Премиер лигата, нема сомнежи дека Лигата на шампионите ќе биде приоритет во финишот од сезоната.
Во прилог на „граѓаните“ им оди статистиката, со оглед на тоа дека Динамо Киев никогаш во историјата немаат победено на Островот. На претходните 13 натпревари имаат 11 порази и два реми натпревари, па сите очекуваат дека по елиминацијата од Барселона во претходната сезона, Сити конечно ќе влезе меѓу осумте најдобри во Европа.
„Манчестер сити има страшен напаѓачки потенцијал, тоа го видовме и во првиот натпревар. На нас е да ги анализираме грешките и да го изненадиме противникот“, изјави тренерот на Динамо, Сергеј Ребров, поранешен играч на Тотенхем и Вест хем, кој како фудбалер на Динамо играше во четврт-финалето во натпреварувањето во 1999 година.
Во меѓувреме, Атлетико ја пропушти можноста со играч повеќе да стигне барем до погодок во Ајндховен, па сега евентуалниот гол на ПСВ на „Висенте Калдерон“ во голема мера би можел да го искомплицира животот на „јорганџиите“.
„Против Ла Коруња одигравме еден од најдобрите натпревари и не примивме гол. Тоа ни дава многу самодоверба. За нас е клучно да не примиме гол, едвај чекаме да почне натпреварот и убедени сме во победата“, изјави Саул Нигез, еден од стрелците во саботата.
Тимот на Диего Симеоне ја одбрани мрежата на 12 од последните 16 натпревари во елитното натпреварување, а на „Висенте Калдерон“на 11 од последните 13.

Најнови вести