Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2015

Тешка фрактура на ногата на Лук Шоу

Лук Шоу, левиот бек на Манчестер јунајтед, доживеа тешка повреда во натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите против ПСВ.

Во 20-тата минута од средбата во Ајндховен Шоу доживеа тешка фрактура на десната ногата по дуелот со Ектор Морено и извесно е дека му претстои долга пауза. Морено за овој старт кој беше во шеснаесетникот на ПСВ не доби ниту жолт картон.
Оваа сезона тој беше стандарден во поставата на екипата на Луис ван Хал, а на „Олд Трафорд“ стигна минатото лето за 28 милиони фунти од Саутхемптон.

Најнови вести