Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2015

Ван Хал: Играчите не се среќни поради Депај

Луис ван Хал, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека некои негови играчи не се среќни поради доаѓањето на Мемфис Депај, бидејќи им прави конкуренција.

Младиот Холанѓанец ќе стигне од ПСВ за 35 милиони евра, а договорот би требало да го потпише во текот на оваа седмица.
„Не сакав тоа да се објавува пред крајот на првенството, бидејќи таквите информации може да ја разбијат тимската атмосфера. Сепак, моравме да го направиме тоа, бидејќи ПСЖ беше многу блиску. Имам чувство дека конкуренцијата не е добра за некои мои играчи. Не можат да го поднесат притисокот дека во иднина можеби ќе играат помалку, а дека и понатаму ќе мора да тренираат жестоко и да се борат за минути во екипата. Знам дека некои мои играчи не се премногу среќни што ќе дојде Депај. Им препуштам да се борат за место во екипата“, изјави Ван Хал.
Јунајтед налето веројатно ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, во која не играше оваа сезона.

Најнови вести