Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2013

ПСВ и Белгија добија нова суперѕвезда

Сензационален настап на 17-годишниот репрезентативец на Белгија, Закарија Бакали во натпреварот од 2. коло на холандското фудбалско првенство, во кој неговиот ПСВ го надигра НЕК Нејмехен со 5-0.

Малиот крилен напаѓач, со потекло од Мароко, а роден во Лиеж, постигна „хет-трик“ и со тоа стана најмладиот стрелец на „хет-трик“ во историјата на Ередивизија. Досегашниот рекордер Колинс Џон пред педесет години го постигна својот „хет-трик“ на возраст од 18 години.
Секој од неговите голови, за 1-0 во шестата, 2-0 во 47. и 5-0 во 82. минута, беа фантастични: при првиот со силен шут со левата нога биеше под пречката, при вториот исто така со лева нога, само од десната страна, го матираше гостинскиот голман по фантастичниот „финта-шут“ и соло-продор, а третиот гол го постигна исто така со соло-продор и со силен шут со десната нога од левата страна во спротивниот горен агол.
Тие кои го познаваат подобро тврдат дека се работи за невиден талент кој ќе го обележи времето кое доаѓа.
Ова за него беше четврт настап за првиот тим на ПСВ.



Најнови вести